јули 20, 2023

Успешнo реализирана крводарителската акција во Полициска станица ОН Кавадарци

            Во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци, Полициска станица -Општа надлежност Кавадарци  и Гранична полиција – Регионален центар Југ на 20.07.2023 година, тимот од ИТМ на РСМ – Скопје во просториите на ПС ОН Кавадарци спроведоа доброволна крводарителска акција каде вработените и овој пат како и во годините наназад ја покажаа својата хуманост и солидарност кон болните и повредените дарувајќи крв.

Акцијата ја изведе екипа од Институтот за трансфузиона медицина на РСМ Скопје и притоа дарувани се 24 единици крв.

Голема благодарност до вработените од безбедностите служби на овие две институции кои покрај својата редовна работа, одржување на безбедноста на граѓаните, секоја година преку две крводарителски акции во годината обезбедуваат доста единици крв даваат поддршка и помош на граѓанството од Кавадарци.

< врати се назад