
УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА КРВОДАРИТЕЛСКАТА АКЦИЈА
ВО ГРАНИЧНА ПОЛИЦИЈА РЦ-ЈУГ
Во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци, Гранична полиција-Регионален центар Југ на 09.03.2023 година, тимот од ИТМ на РСМ- Скопје во просториите на Гранична полиција спроведоа доброволна крводарителска акција каде вработените и овој пат како и во годините наназад ја покажаа својата хуманост и солидарност кон болните и повредените дарувајќи крв.
Акцијата ја изведe екипа од Институтот за трансфузиона медицина на РСМ-Скопје и притоа дарувани сe 31 единици крв .
Голема благодарност до вработените од безбедносните служби на оваа институција кои покрај својата редовна работа, одржување на безбедноста на граѓаните, секоја година преку три крводарителски акции во годината обезбедуваат доста единици крв, даваат подршка и помош на граѓанството од Кавадарци, Росоман и пошироко во државата, а со тоа хуманоста кај овие луѓе од година во година се повеќе се зголемува.