
УСПЕШНО СПРОВЕДЕНА ДОБРОВОЛНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА
На 26 Декември 2019 година во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци и ИТМ Скопје во просториите на Црвениот крст се спроведе доброволна крводарителска акција.
На оваа акција доброволно даруваа 17 крводарители, односно собрани се 17 единици крв, а со тоа уште еднаш е докажана хуманоста на граѓаните од Кавадарци и Росоман, бидејќи за прв пат во декември, пред Новогодишните и Божиќните празници е организирана крводарителска акција во просториите на Црвениот крст.
Голема благодарност на крводарителите кои несебично ја прифатија оваа акција и на локалните медиуми кои даваат максимална подршка за реализација на истате, притоа обезбедувајќи информации и мотивирајќи ги и останатите граѓани од нашите општини да се придружат на хуманите луѓе.