март 22, 2024

УСПЕШНО СПРОВЕДЕНА ДОБРОВОЛНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

На 20 март 2024 година во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци и ИТМ Скопје во просториите на гимназија ,,Добри Даскалов“ од Кавадарци се спроведе доброволна крводарителска акција.

На оваа акција доброволно даруваа 15 крводарители, односно собрани се 15 единици крв, а со тоа уште еднаш е докажана хуманоста на учениците и вработените од училиштето, бидејќи низ годините наназад во гимназијата се спроведуваат успешни крводарителски акции.

Голема благодарност на учениците и нивните професори кои несебично ја прифатија оваа акција и на локалните медиуми кои даваат максимална подршка за реализација на истата.

< врати се назад