
декември 17, 2019
УСПЕШНО СПРОВЕДЕНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА СО ВРАБОТЕНИТЕ ОД ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ
На 17.12.2019 година во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци и Екипа од Институтот за трансфузиона медиција на РМ Скопје беше спроведена успешна крводарителска акција во компанијата ЕУРОНИКЕЛ индустри во која акција даруваа крв 55 доброволни крводарители.
Во организација на менаџерскиот тим на компанијата, со еден хуман пристап кон вработените и екипата за дарување на крв, акцијата помина во најдобар ред,
Оваа акција од година во година станува се помасовна благодарение на добрата соработка на Општинската организација на Црвен крст Кавадарци, крводарителите и одговорните лица за крводарување во компанијата.