
март 22, 2023
УСПЕШНО СПРОВЕДЕНА ДОБРОВОЛНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА
На 22 март 2023 година во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци и ИТМ Скопје во просториите на гимназија ,,Добри Даскалов“ од Кавадарци се спроведе доброволна крводарителска акција.
На оваа акција доброволно даруваа 33 крводарители, односно собрани се 33 единици крв, а со тоа уште еднаш е докажана хуманоста на учениците и вработените од училиштето, бидејќи низ годините наназад во гимназијата се спроведуваат успешни крводарителски акции.
Голема благодарност на учениците и нивните професори кои несебично ја прифатија оваа акција и на локалните медиуми кои даваат максимална подршка за реализација на истата.












































