
ВАЖНОСТА НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО
По повод 10ти Октомври Светски ден на менталното здравје на 10.10.2024 година во просториите на Општинската сала на Општина Кавадарци се одржа трибина на оваа тема од страна на говорниците Анастасија Танева и Радица Вареловска дипломирани психолози Гешталд психотерапевти.
На работилницата присуствуваа негувателите од Нега центар Кавадарци, вработените и лица од управна и раководна структура на организацијата чии број беше околу 25 лица.
Присутните со задоволство ја проследија презентацијата, споделуваа свои стресни искуства од своите работни места и на крај беа направени 2-3 кратки вежби кои на присутните ќе им овозможат опуштање во иднина доколку се соочуваат со стресни ситуации на своите работни места како и во животот.
Од страна на психолозите беа најавени за во иднина повеќе работилници на оваа тема.



