
ВЕЛИГДЕНСКА РАБОТИЛНИЦА
Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци во соработка со Дневниот центар и Посебните паралелки за лица со посебни потреби од Кавадарци согласно со проектот ,,Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби,, финансиски подржан од Комерцијална банка на 24.04.2019 година спроведе работилница за одбележување на верскиот празник Велигден.
На работилницата која што се одржа во Дневниот центар учествуваа околу 50 лица и тоа: 35 лица со посебни потреби, 2 волонтери на Општинската организација и десетина воспитувачи и наставници на лицата со посебни потреби.
Сите заедно низ игра забава и дружење исфарбаа околу 300 велигденски јајца, декорирани во кошнички, кои наредниот ден ги изложија на базарот поставен на градскиот плоштад во Кавадарци. Средствата собрани од продажниот базар ќе бидат наменети за потребите на лицата со посебни потреби.
Од страна на Домот на културата ,,Иван Мазов Климе,, од Кавадарци беше доделена диплома за редовно учество на Велигденскиот хепенинг.