април 20, 2023

Велигденски Базар

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци по проектот “Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби” финансиран од Комерцијална Банка по повод Велигденските празници одржаа работилница со децата од дневниот центар и децата од посебните паралелки од ОУ Страшо Пинџур Кавадарци.

Притоа исфарбаа велигденски јајца со кои го подготвија велигденскиот базар и се претставија во компанијата Еуро Никел а исто така ги посетија вработените во Комерцијална Банка.

За време на подготовката на базарот децата беа многу среќни и задоволни и на крај сите добија по едно велигденско јајце.

< врати се назад