септември 13, 2023

ВОНРЕДНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

            Поради недостаток на крв на ден 12.09.2023 година во просториите на Домот на културата Иван Мазов Климе Кавадарци се одржа крводарителска акција од 09 до 15  часот во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци и екипата од Институтот за Трансфузиона Медицина Скопје.

Акцијата беше успешно завршена со дарувани 28 единици крв.

Се надеваме дека барем малку ќе придонесеме во стабилизирање на потребите за крв и крвни продукти на територијата на нашата земја.

Голема благодарност до сите учесници во акцијата, посебно до крводарителите.

Акцијата беше проследена и од локалните медиуми.

< врати се назад