
ВРЕМЕ Е …. ЗА СВЕТ БЕЗ ТУБЕРКУЛОЗА!
Согласно препораките на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци се приклучи кон одбележувањето на Светскиот ден за борба против туберкулозата под мотото ,,Време е … за свет без туберкулоза“, бидејќи и покрај значителниот напредок во текот на последните децении, ТБ продолжува да биде врвен заразен убиец низ целиот свет.
По тој повод на 22 март во основното училиште Гоце Делчев, од страна на стручно лице се одржа интерактивна работилница со ученици од осмо одделение со цел да се разговара за болеста и да се информираат младите за тоа што претставува болеста туберкулоза, како да се превенира, кои се симптомите на болеста и како се лекува, поточно да се подигне јавната свест за важноста на општото здравје, социјалната и економската состојба на граѓаните како битно влијание на ТБ и да се направат напори за целосно искоренување на оваа болест.
Овој ден е одбележан и со делење на брошури со пригодна содржина на видни места во градот и со медиумско информирање на пошироката јавност.