
ЗАБОЗДРАВСТВЕНА ЕДУКАЦИЈА ЗА НАЈМЛАДИТЕ-ПРВАЧИЊАТА
На 04 март 2019 година Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци започна со првата едукација за забоздравствена зашитита која се одржа во ООУ ,,Тоде Хаџи Тефов“ Кавадарци во присуство на 70 првачиња и нивните наставници.
Работилницата беше под менторство на Розе Милкова-волонтер на Општинската организација Кавадарци, која преку презентација сликовито им прикажа на првачињата зошто е важно да се мијат редовно и правилно запчињата, важноста на правилната исхрана за здрави заби и редовното одење на преглед кај стоматолог, а притоа беа поставувани голем број прашања и во дискусија истите беа разјаснети и одговорени.
На крај за сите првачиња следуваше по една паста и четка за заби, со цел да се поттикнат сите од најрана возраст на редовно и правилно одржување на хигиената на усната шуплина и забите.
Во наредните денови планирани се да се одржат уште 5 работилници на оваа тема со кои се планира да бидат опфатени околу 300 првачиња од Кавадарци и Росоман.