
ЗАЕДНО ЌЕ УСПЕЕМЕ
Со цел да се подигне јавната свест и едуцираноста кај населението во борбата против ракот Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци на 07 март во просториите на Општинската организација Кавадарци одржа едукативна работилница со 25 ученици од деветто одделение од ООУ ,,Тошо Велков Пепето“ од Кавадарци.
Работилницата ја водеше стручно лице кое пред присутните ја потенцира важноста на превентивните мерки и промената на животните навики за спречување на карциномот и ризикот од развојот на ракот, односно ракот како епидемија на нашето време каде е многу голема бројката на луѓе кои заболуваат од ракот и умираат како последица на болеста.
Младите на работилницата беа загрижени од застрашувачките и алармантни бројки, поставуваа голем број прашања, на кои стручното лице се трудеше да им ги појасни превентивните мерки како што се спречување на прекумерното конзумирање на алкохол, пушењето, избегнување на неправилната исхрана, потебата од физички активности и движење, заштитата од инфекции кои предизвикуваат рак и одржувањето на нормалната телесна тежина.