ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ ВО ДИГИТАЛНИОТ СВЕТ
На ден 27.10.2023 година во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци се спроведе првата работилница од обуката за како да им се помогне на старите лица во процесот на учење и стекнување знаења и вештини за самостојно и безбедно користење на актуелните дигитални технологии и достапните електронски услуги онлајн.
Активностите се во рамките на проектот “Заедно сме посилни во дигиталниот свет” спроведени од страна на Здружението “ Подготвеност за Европа” и Општински ограноци на Црвен крст.
Работилницата беше спроведена од обучен ментор за работа со стари лица, а на неа присуствуваа околу 20 стари лица кои беа доста заинтересирани за темата и постојано се вклучуваа во дискусија и поставуваа прашања.
Обуката се состои од повеќе модули односно работилници каде што на крај старите лица ќе се стекнат со сертификати.