јули 19, 2023
Заштита од пожари на отворен простор
На ден 19.07.2023 година поради екстремно високите температури ТППЕ Кавадарци, Мој Општинар, Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци и волонтери на доброволното противпожарно друштво “Сашко Гешковски” ја спроведоа акцијата под мотото “ И ВИЕ СТЕ ОДГОВОРНИ ”.
Денеска на граѓаните во Кавадарци им делеа флаери со препораки за заштита од пожари и упатија апел до сите граѓани да бидат вниматели да не палат стрништа и трева на отворено и да не фрлаат отпушоци од цигари како би спречиле појава на пожар.