јануари 15, 2019

ЗАШТИТЕТЕ СЕ СЕБЕ СИ ОД ЛАДНО ВРЕМЕ

На 15 јануари волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Македонија Општинска организација-Кавадарци поделија околу 100 флаери за заштита од ладното време, со цел информирање на пошироката јавност за превенција од измрзнување.
Флаерите содржат корисни информации за соодветно обезбеден дом, соодветна облека за ладното време, препознавање на личните знаците на премрзнување и општи информации како совети за користење на топли напитоци, соодветна облека, физичка активност и друго.
Во зависност во временските услови ќе бидат дистрибуирани флаери со пригодна содржина за ладното време во образовните институции и на јавните места во Општина Кавадарци и Општина Росоман.
СОВЕТИ:
-Пијте течности кои не се ладни;
-Не ракувајте со ладни предмети со голи раце;
-Јадете доволно бијеќии тоа ја одржува температурата на дело;
-Избегнувајте алкохол, бидејќии го зголемува ризикот од хипотермија;
-Имајте пристап до ќебиња;
-Сменете влажна облека со сува;
-Ставете изолација на подовите и столиците.

< врати се назад