
ЗДРАВЈЕ ВО ЗАЕДНИЦИТЕ- ВРСНИЧКА ЕДУКАЦИЈА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВИ ИНФЕКЦИИ
Во рамките на проектот ,,Здравје во заедниците-врсничка едукација за превенција од СПИ,, подржан од Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина кон крајот на месец декември од Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци беа обучени 3 волонтери за спроведување на едукативни сесии за превенција од СПИ кај младите.
Со почетокот на второто полугодие испланирани се едукативни работилници во основните и средните училишта во Кавадарци и Росоман.
На 23 јануари се отпочна со првата работилница во ООУ ,,Тоде Хаџи Тефов,, Кавадарци на која присуствуваа 39 ученици од 9 одделение и 2 наставници, при што беа разработени теми за видови на СПИ, начини на пренесување, заштита и начини на превенција од истите.
Присутните на работилницата покажаа голем интерес за темата, дискутираа и поставуваа прашања на кои добија соодветни одговори од едукаторите на работилницата.
До 5 март ќе бидат спроведени и останатите планирани работилници во останатите училишта на кои веќе им е доставен роковник за спроведување на истите.