30 ГОДИНИ ПХВ – 30 ГОДИНИ ХУМАНОСТ, СОЛИДАРНОСТ И ВОЛОНТЕРСКИ ДУХ!

Три децении исполнети со добрина, посветеност и безброј приказни во кои човечноста била на прво место.
По повод 30 години ПХВ – локално, ОО Црвен крст Кавадарци со гордост го одбележува овој значаен јубилеј – три децении во кои младите преку хуманоста, волонтерството и солидарноста создаваат позитивни промени во заедницата.
23.09.2026 (среда)
19:00 часот
Горна сала при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“, Кавадарци
Зад овие 30 години стојат генерации волонтери, ментори, поддржувачи и партнери кои со своето време, знаење и срце придонесоа ПХВ да прерасне во повеќе од активност – во вредност која се пренесува од генерација на генерација.
30 години ПХВ – 30 години заедно создаваме промени.
Продолжуваме со истата енергија, посветеност и верба дека секое добро дело може да направи разлика. ![]()






































































