Благодарница на ООЦК Кавадарци за подршка и учество на манифестацијата Тиквешки гроздобер 2026!!!
Денес во просториите на Големата сала на Општина Кавадарци на ООЦК Кавадарци од страна на градоначалникот на Општината – Г-дин Митко Јанчев му беше доделена Благодарница за поддршка и учество на манифестацијата Тиквешки Гроздобер 2026 Кавадарци.
Посебно ни е драго што оваа година беше доделена и Благодарница на Клуб на млади при ООЦК Кавадарци.
За потсетување :
На 4ти ,5ти и 6ти Септември за време на манифестацијата Тиквешки гроздобер, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Кавадарци ангажираше над 30 волонтери на неколку позиции. Волонтерите беа од сите возрасти и доброволно учествуваа во договорените активности. Истите беа ангажирани на влезовите од градот каде се делеше пакувано грозје и флаери за добредојде на Тиквешкиот гроздобер, за време на Карневалот делеа флаширана вода за граѓаните на кои им беше потребно, помагаа во организацијата и редоследот на групите учесници во Карневалот и за време на музичките концерти три дена патролираа заедно со екипите на брза помош кои беа распоредени на три пунктови.
Црвен крст на РСМ – ООЦК Кавадарци секогаш е спремно да даде подршка онаму каде што е потребно.













































