септември 18, 2026

,,ДА!МОЖЕ ДА СТАВИМЕ КРАЈ НА ТБ”

По повод Неделата на борба против туберкулоза (14–21.09.2026), под мотото „Можеме да ставиме крај на ТБ“, на 17.09.2026 година, Црвен крст на РСМ – ОО Кавадарци, преку стручно лице, реализираше две едукативни предавања со вкупно 32ученици од осмо одделение и двајца наставнициПредавањата беа насочени кон запознавање на учениците со туберкулозата, нејзиното пренесување, превенцијата, симптомите и значењето на навременото откривање и лекување. Учениците покажаа голем интерес поставувајќи прашања а на истите добиваа одговор од стрчно лице.

Во рамките на активностите беа поделени и флаери, со цел пошироко информирање за опасностите по здравјето од туберкулозата, можностите за превенција и важноста од нејзино навремено откривање и елиминирање. Со овие активности се придонесува кон подигнување на свеста и информираноста, со заедничка цел: „Можеме да ставиме крај на ТБ“.

< врати се назад