октомври 7, 2026

ЕДНОДНЕВЕН ИЗЛЕТ ВО ПРИРОДА

Согласно со проектот ,,Подобрување на социјализацијата на лицата со посебни потреби,, финансиски подржан од Комерцијална банка, лицата со посебни потреби од Посебната паралелка и Дневниот центар го посетија Моклишкиот манастир Св. Никола во Моклиште.

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци им го организира ова еднодневно дружење во природа каде беа околу 20 лица со посебни потреби, 3 лица од Црвен крст Кавадарци и претставници од Посебната паралелка и Дневниот центар, кои сите заедно во една прекрасна убава природа го поминаа овој ден.

Лицата со посебни потреби го искористија овој убав топол ден, го прошетаа прекрасното место обиколено целото во зеленило, играа забавни игри, се дружеа и на крај за сите следуваше заеднички ручек.

Децата многу се радуваа за прошетката и за дружењето. За овој настан беа иформирани локалните медиуми со цел да се информираат граѓаните за радоста на децата и потребата од излегување од секојдневието и од затворениот простор.

< врати се назад