октомври 7, 2026
“Хуманоста е најубавиот начин да бидеме заедно”

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска Организација Кавадарци упатува голема благодарност до Комерцијална Банка Кавадарци како наш долгогодишен партнер- поддржувач за нивната хуманост, солидарност и несебична подрршка.
Во рамките на хуманитарната акција, вработените на Комерцијална Банка Кавадарци донираа облека со што дадоа свој придонес во помагањето на оние на кои им е најпотребно.
Овие гестови покажуваат дека со малку добра волја и заедничка грижа можеме да направиме голема разлика во животите на другите.
Ви благодариме што ја поддржувате хуманоста и што заедно градиме посолидарна и похумана заедница.












































