“ КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА”

На ден 02.10.2026 годна во просториите на СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов”-Кавадарци се одржа редовна крводарителска акција спроведена од Институтот за трансфузиона медицина на РСМ Скопје ,а организирана од Црвен крст на Република Северна Македонија –Општинска организација Кавадарци.
Во акцијата учество зедоа ученици и вработени од СОУ Гимназија “Добри Даскалов” Кавадарци,кои ја покажаа својата хуманост и солидарност. На оваа кродарителска акција се придружија 30 крводарители од кои 18 успешно даруваа крв. Посебно ни е драго што 13 од нив се Првократни крводарители
Во знак на благодарност за нивната хуманост Црвен крст Општинска организација Кавадарци на сите крводарители им додели симболични подароци-маици.
Се изразува голема благодарност до сите дарители кои несебично придонесуваат за спасување човечки животи.
Дарувај крв –спаси живот!



























































