октомври 7, 2026

НЕДЕЛА НА МЛАДИ – ООЦК КАВАДАРЦИ: ГЛАСОТ НА МЛАДИТЕ, ИДЕИТЕ ШТО ЈА ДВИЖАТ ИДНИНАТА!

Во рамки на Неделата на млади, на ден 05.10.2026 година Понеделник, во 13:00 часот, во Големата сала на Општина Кавадарци се одржа панел дискусија посветена на младите, нивните потреби, предизвици и можности. Преку отворен разговор, младите имаа можност да ги споделат своите ставови, идеи и визии, но и активно да придонесат кон создавање подобри можности за младите во Кавадарци. Настанот беше организиран од Клубот на млади при ООЦК Кавадарци, со цел поттикнување на младинското учество, активизам и вклученост во локалната заедница. Затоа што кога младите имаат глас – заедницата има иднина!

< врати се назад