септември 23, 2026

Посета на ученици од ООУ Страшо Пинџур Кавадарци

Денес просториите на ЦКРСМ – ООЦК Кавадарци ги посетија ученици од 9то одд. при ООУ “Страшо Пинџур” Кавадарци предводени од Професор Фердинанд Чејков.

Истите беа во обиколка на просториите на Црвен крст Кавадарци и запознати со активностите на нашата организација и областите во кои истите можат да се вклучат и да волонтираат. Особено интерсено за нив беше работата на клубот на млади кој што се вклучени во сите активности, имаат свое катче во Црвениот крст опремено со потребните технички средства каде што младите можат да ги искажат и реализираат своите идеи и корисно да го потрошат своето слободно време.

Просториите на Црвен крст Кавадарци се отворени за соработка со сите заинтересирани младинци и хумани луѓе кои што сакаат своето слоботно време да го поминат овде и да се вклучат во активностите на Црвениот крст.

< врати се назад