октомври 7, 2026

РАБОТИЛНИЦИ ЗА ДОБРОВОЛНО КРВОДАРУВАЊЕ!

На ден 30.09.2026 година од страна на двајца повеќекратни крводарители и дисеминатори од Црвен крст на РСМ -Општинска организација Кавадарци беа одржани две работилници во СОУ Гимназија “Добри Даскалов” со учениците од трета и четврта година. На овие работилници учениците беа информирани за придобивките од крводарувањето, за хуманиот чин зошто е добро да се дарува крв и дека со дарување на крв може да се спаси нечиј живот бидејќи крвта не може да се купи ниту произведе, туку може да се прими само од човек на човек.Исто така на овие работилници беше поделен и промотивен материјал за крводарителство.

Работилниците предизвикаа голем интерес помеѓу учениците а во пресрет на крводарителските акции кои следуваат во следниот период.

< врати се назад