септември 18, 2026

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

На 10.09.2026 година спроведена е успешна крводарителска акција во Дом на култура ,,Иван Мазов-Климе’’ Акцијата е во организација на Црвен Крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци, а ја реализира Институтот за трансфузиона медицина Скопје.

На оваа крводарителска акција се придружија 34 хумани граѓани од кои 22 успешно даруваа крв. Посебно ни е драго дека 2ца од нив се Прводарители . Акцијата е прекрасна можност да ја покажеме нашата солидарност и хуманост, дарувајќи крв која може да спаси нечиј живот. Црвен Крст на РСМ ООЦК Кавадарци им се заблагодарува на сите кои се приклучија и учествуваа.

Секој крводарител е херој, а секоја капка крв е драгоцен дар за оние кои имаат потреба.

Благодариме за вашата хуманост и солидарност!

< врати се назад